Делегации од Собранието, Владата и кабинетот на претседателот на државата, градоначалникот на општина Центар и претставници на други институции и граѓани, денеска ќе положат цвеќе пред споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во паркот „Жена борец“, по повод 34 години од поставувањето на споменикот, а во чест на Светските средби.

На манифестацијата, како што информираат од Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т’га за југ, ќе има и ученици од 5. до 9. одделение од основните училишта од повеќе градови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.