Вицепремиерската функција и успешното водење на најважното министерство во државата бараат големи напори и вистинска жртва. Многупати, оваа жртва во интерес на граѓаните се манифестира преку појава на нервоза и стрес.
Сериозно сме загрижени за овие појави кај премиерот, простете, првиот вицепремиер, господинот Артан Груби, рече на прес-конференцијата денеска Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
Манасиевски кажа дека дека се сигурни оти макотрпната работа во интерес на народот и двоењето од својот џеб влијаат на неговото здравје и токму поради тоа упатуваат поддршка и нудат помош.
Како човек не би бил под стрес, кога како успешен претприемач и иноватор истовремено раководи со десетици бизниси. Како човек би бил целосно мирен кога во својот живот е оставен само со огромен фамилијарен дуќан на улица Македонија, еден скромен хотел на Попова Шапка, а единствени приходи обезбедува од провизии за минијатурни проекти како изградба на автопати.
Почитуван г. Груби.
Веруваме дека човек кој храбро се бори за иднината на Македонија, без притоа да има личен бенефит, не треба да се остави да ги помеша спомениците на Адем Јашари и Дража Михајловиќ. Послужете се со оваа антистрес терапија и бидете сигурни дека младите секогаш ќе бидат на ваша страна, кажа Манасиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.