Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информираше дека во текот на вчерашниот ден, учениците од основните и средните училишта од Куманово со различни активности се вклучија во големата еко акција по повод Денот на пролетта и екологијата 21 март.

Големо браво за учениците од основните и средните училишта во Куманово кои во огромен број на различен начин се вклучија во големата еко акција по повод Денот на пролетта и екологијата 21 март на ниво на целата општина. Горди сме на Вашата мотивација, еколошка свест и посветеност за зачувување на животната средина. Децата кои од најмали нозе ги учиме на вистински вредности, за грижа кон најблиските и пријателите, за одговорно учество во општественото живеење и за грижа кон животната средина секогаш се изградуваат во силни и одговорни личности. Упатувам голема благодарност до наставниот кадар и сите учесници во воспитно-образовниот процес кој секојдневно неуморно се трудат да создадат образована и одговорна младина која е гордост на нашата држава и нашиот народ“, рече Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.