Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа истакна дека времето ќе покаже која ќе биде третата опција во државата, а амбициите на граѓанското здружение „За наше Куманово“ е да се прошири на територија на целата држава и кога ќе дојде моментот за учество на парламентарните избори, без разлика дали тоа ќе биде предвремени или редовни парламентарни избори да понуди една реална понуда со остварливи политики со луѓе кои немаат зад себе етикети, кои доаѓаат и од теорија и пракса, и од заедница и од работничката класа.

По истиот пример како тоа го правиме во Куманово да го пресликаме и на ниво на држава. Да, Куманово во последниот период стана расадник на кадри, но ние како кадри не видовме некој посебен бенефит затоа што не се покажаа како локал патриоти во однос на некои што доаѓаа од Струмица. Во Струмица беше отпишан долгот на јавното претпријатие „Водовод“ коешто го имаше кон државата, а на Куманово не му беше отпишан долгот, во одредени моменти чувствував кочници и опструкции од страна на некое поединци. Но, никогаш тоа не го прават директни, туку преку други луѓе во системот. Затоа, сме во ваква состојба. Затоа што немаме интероперабилност, затоа што нема комуникација локално-централно ниво, дури немате комуникација ни по ресорните министерства, затоа се создаваа таа огромна бирократија и еден огромен конгломерат на луѓе кои не си ја вршат својата работа за којашто се платени“, рече Димитриевски.

Во однос на состојбата со неговата матична партија СДСМ, тој информираше и во СДСМ, како и во ВМРО-ДПМНЕ има прекрасни луѓе кои многу даваат и на партијата, и на државата, но многу малку добиваат назад, а добиваат поединци што се како чичек трака кога ќе почувствуваат кога ќе дојдете на власт, се лепат и на крај тие доаѓаат за главни, тие спроведуваат политики по лојалистичкиот принцип напредуваат, а всушност оние главните, тркачите итн кои искрено се базираат и на идеологија всушност не добиваат ништо и затоа се толку разочарани граѓаните.

Се обидував да ги застапувам таквите структури, но не наидов на разбирање во партијата, а тргнати беа и други луѓе во раководството. Но, како и да е тоа е минато, јас сакам да зборувам за иднината. Го споменавте Јосип Броз Тито, јас искрено сум горд што на тие простори сме имале еден таков лидер без разлика на контроверзите околу делот со егејска Македонија и сите тие случувања, знам дека не е така вистината. Се обиделе, но за жал имало големи светски сили кои го спречиле тоа. Но, да ви кажам за Јосип Броз, во нашата сала за состаноци во општината стои статуа на Јосип Броз Тито. Во салата за седници на Општински совет исто така на една страна стои статуа на Гоце Делчев, на друга страна Јосип Броз Тито. Додека јас сум во таа општина, тие статуи ќе стојат бидејќи тоа се личностите на кои се базира и Македонската генеза, а и развојот на нашиот град како еден од поразвиените градови во Македонија. Инаку, политичкиот субјект, тоа е граѓанско движење кое ќе биде промовирано во следниот период и ќе го создаваме по еден обратен принцип, сите формираат централа, а потоа се шират по градовите, ние сакаме прво да ги поставиме темелите, а потоа темелите да си го дадат лидершипот на тоа едно политичко движење кое е отворено за сите“, истакна Димитриевски.

Во емисијата, Димитриевски посочи дека неговите политики се лево ориентирани, на прашање на националните, државни ставови е центар и десно и тука е отворен ставот.

Не ни треба било каква идеологија доколку не ни постои етно генезата на националниот, државниот интерес, народот мој Македонски на којшто припаѓам. Ако сами не го заштитиме, нема кој да дојде од страна да заштити“, изјави Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.