„Едно јаболко на ден и не ви е потребен доктор“, вели народната поговорка. Но дали е така кога се работи за јаболко во кое има остатоци од неколку видови пестициди? Изјавите за квалитетот на македонските јаболка одат од една до друга крајност – од најздрави, до најштетни, па затоа РСЕ на терен провери какви се јаболката кои ги јадат македонските граѓани, истражува РСЕ.
Во Државната фитосанитарна лабораторија, на Земјоделскиот институт, РСЕ однел три примероци јаболка за да ги испитаат дали, два месеци по бербата, во нив има пестициди.
Пестицидите инаку се хемиски супстанции кои се користат за превенција, уништување, спречување или намалување на количеството штетници кај растенијата. Остатоци од нив може да се најдат и во плодовите кои секојдневно ги консумираме.
Првиот примерок го купиле од пазар, од една од тезгите,а продавачот уверувал дека се работи за вкусни и здрави македонски јаболка. Вториот примерок го набавиле од големите скопски маркети, јаболка на попуст, покрај кои стоел мал натпис дека се македонски.
Ние нашето испитување за јаболката го направиме во Државната фитосанитарна лабораторија, каде се проверува присуство на 470 резидуи, односно остатоци од пестициди. Резултатите беа готови веќе следниот ден, и ја покажаа кисело-слатката вистина за македонските јаболка. Во еден од примероците беше пронајден еден вид пестициди, во друг три вида, а во третиот коктел од дури четири пестициди меѓу кои и фосмет, кој е во широка употреба, но Европската Унија годинава го забранува за употреба. Сите беа во количина под максимално дозволената граница, што значи дека треба да се безбедни за употреба. Блиску до горната граница беше фосметот, стои во натписот на РСЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.