Под покровителство на министрите за надворешни работи на Република Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денеска ќе се одржи Бизнис форум во Скопје.

Форумот, како што соопшти МНР, се реализира под мотото „До една милијарда и понатаму“, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји.

На форумот активно ќе учествуваат над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, преставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави.

– Покрај официјалниот дел од програмата, предвидени се и бројни меѓусебни средби на претставниците на бизнисите од Македонија и Бугарија, како и потпишување повеќе меѓусебни бизнис договори, соопшти МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.