Митрополитот Струмички Наум вчера на Неделата на Православието, отслужи Божествена литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица Ослободителка“ во грчкиот град Дидимотихо, во сослужение на надлежниот архиереј Дамаскин, митрополит на Дидимотихо, Орестијада и Суфли, објави Твиериопол.мк.
На веб страницата на Митрополијата на Дидимотихо, Орестијада и Суфли, пак, е објавено дека сослужувањето на двајцата архиереи Дамаскин и Наум „е плод на евхаристиската заедница со Охридската архиепископија (Македонија) возобновена во мај 2022 година од страна на Вселенската патријаршија и ја покажува можноста Православието да ги надмине поделбите и расколите и под водство на Светиот Дух да го негува единството на помесните цркви“.
Владиката Наум, претходно на 2 и 3 март, заедно со митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј, беа на поклонение на светињите во Вселенска патријаршија. Митрополитите Наум и Тимотеј беа примени и од вселенскиот патријарх Вартоломеј, а на негова покана, присуствуваа и на првиот официјален прием на новиот Кипарски архиепископ Георгиј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.