Вечерва, во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград се одржа „Македонска вечер“, на којашто домаќин беше претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.

„Ве поканувам заедно да ги дегустираме македонското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања“, рече премиерот Ковачевски.

На „Македоската вечер“ присуствуваа бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Македонија, медиуми.
Дегустацијата на посебните вкусови на македонските вина и храна беше проследена со културно уметничка програма, настап на македонски џез оркестар и на естрадни уметници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.