Македонија е дел од Европа, ги споделува нејзините граѓански вредности и придонесува за нејзиниот просперитет. Македонија2025 силно ја поддржува целта на Македонија за влез во ЕУ. Сепак, од нашата земја уште еднаш се бара да направи невидени отстапки за да ги задоволи едностраните барања на соседот, земја-членка на ЕУ која го користи принципот на консензус на ЕУ за да ја игнорира желбата на сите други членки, како и на Европската комисија, Македонија да започне со пристапните преговори.

Македонија2025 цврсто верува дека Владата и Парламентот треба да го отфрлат францускиот предлог од следниве причини:
Народот на Република Македонија, вклучително и дел од пратениците, не ја виде целосната содржина на предлогот. Недостатокот на транспарентност, неможноста за правилно и разумно размислување, очигледното отсуство на евалуација и должно внимание се многу проблематични. Можеби најзначајно, наводните вклучувања на отстапки кои резултираат со деградација на најосновните човекови права, вклучително
и правото на јазик, историја и идентитет, сите укажуваат на фактот дека гласањето за францускиот предлог би било несовесно.
Предлогот, како што го разбираме, не носи никаква опиплива корист за земјата; Бугарското прифаќање на предлогот, не ја спречува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите или да го попречи пристапот на Македонија.
Со тоа што ќе се согласи на отстапките во Францускиот предлог, Македонија ќе испрати силен сигнал до Европската Унија и до светот дека лесно подлегнуваме кон континуираните прекршувања на нашето право на самоопределување.
Несоодветно е билатералниот спор за јазикот и идентитетот да се меша со размислувања поврзани со преговорите за пристапување во ЕУ, особено кога овие прашања никогаш не биле формално покренати од страна на Комисијата како главен приоритет што треба да се реши пред почетокот на преговорите.
Идентитетските прашања не смеат да бидат предуслов за преговори.

Ја повикуваме меѓународната заедница да го почитува нашето право да постоиме како Македонци, да
го почитува нашето право да го негуваме нашиот јазик и да ја славиме историјата на
нашата нација.
Културата никогаш не била проблем за другите нации кога сакале да се приклучат на ЕУ. Повикуваме на единство меѓу сите главни политички чинители за ова прашање, вклучително и единство во македонското општество: академската заедница, граѓанското општество, бизнисот и граѓаните. Мора да го зачуваме нашето достоинство и почит кон нашиот народ и земја. Не треба да ги напуштаме нашите основни принципи
под силен притисок на Бугарија, Франција или Европската комисија. Земјата постојано ја демонстрираше својата желба и посветеност за влез во ЕУ. Меѓутоа, прифаќањето на францускиот предлог без обелоденување на неговата содржина едноставно не е прифатлив избор. Во официјалното објавување на овој став, ние во Македонија2025 го имавме предвид сето тоа што го бараат дозволуваат околностите, и ги одмеривме
значајните негативни долгорочни импликации за земјата, нашиот народ и најважно, младите наспроти ветените придобивки од согласноста за францускиот предлог, велат од Макеоднија 2025.

Македонија2025 е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис секторот, владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.