Македонија секој ден е се позадолжена, а СДСМ и ДУИ велат долгот е помал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Само во првиот квартал јавниот долг пораснал за 35 милиони евра.

Долгот во апсолутен износ е најголем од независноста на Македонија до сега.

СДСМ лаже и манипулита со процентот на долгот од БДП, кој го имаат нереално предвидено.

СДСМ и ДУИ се обидуваат да манипулираат со намален јавен долг, а тоа е затоа што проектираниот номинален БДП за 2022 година е зголемен заради зголемените цени.

Едноставно кажано Македонија е задолжена повеќе од било кога, а СДСМ се фали дека процентот паднал.

Реалноста е дека СДСМ и ДУИ не спроведуваат никакви успешни политики, и нема никаква фискална консолидација. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.