Заврши гласањето на претседателските избори и на парламентарните избори.Она што беше нејасно и што во текот на денот предизвика неизвесност е дали ќе се постиггне цензус на изборите за претседател.

Овој страв се зголеми откако членови на ДУИ, пред се Артан Груби јавно објави видео од гласањето како зема ливче само за парламентарните избори.

И вчера активисти на ДУИ расфрлаа летоци за бојкот на претседателските избори низ Чаир. Забелележително беше што во средините со албанско население имаше помала излезност за претседателските избори отколку за парламентарните избори.

Сево предизвика револт и будење кај останатите граѓани кои во попладневните часови ја зголемија излесност и до 19 часот таа е над 40 проценти што е доволно Македонија да добие претседател. Со тоа се спречи земјата да влезе во уште една политичка криза.

Со бојкотот на ДУИ, освен што работеа изборите да пропаднат одеа и против својот коалициски партнер, односно не гласаа за Стево Пендаровски.

За парламентарни избори излезноста е во рамки на очекуваното и се движи околу 47 проценти.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.