Четири години поминаа од референдумот за промена на името, при што само 36 отсто од граѓаните излегоа да дадат поддршка за Преспанскиот договор.

Координативното тело на „Македонија-Бојкотира“ вечерва во паркот спроти Собрание го одбележа настанот.

„Дозволете ми да се потсетиме и да го прочитаме меморандумот за стратешка соработка. Единствени во определбата дека изборот на името на една држава е прашање на внатрешните околности и дека Република Македонија има неотуѓиво и неограничено право на името Република Македонија“, кажаа меѓу другото на собирот.

На референдумот со прашање „Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името меѓу Македонија и Грција”, што се одржа на 30 септември 2018 година, два ипол месеци по потпишувањето на договорот во Преспа, излегоа само 36,9 отсто од регистрирсните гласачи, и Државната изборна комисија го прогласи за неуспешен.

Опозицијата го бојкотираше референдумот, а повеќе помали партии и движења водеа кампањи за бојкот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.