Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Претседателот на Собранието Африн Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. Според него коментарите на ДУИ, за нелегитимност на „Влен“, се само политичка опозициска реторика.

-Можеби тој заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВЛЕН доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание, вели Гаши.

Прашан зошто свечената заклетва прво ја прочита на албански, а потоа на македонски јазик Гаши вели дека читал така како што беше прочитано од пратеничката која претседаваше. Смета дека не го прекршил законот.

Првата седница се очекува да ја свика откако ќе се формализираат пратеничките групи и координаторите. Првиот закон кој очекува да се донесе е тој за организација на министерствата и ресорите.

-Како коалиција која е веќе на повидок меѓу ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, е договорено, новата влада да почне со нова организација на државата, организација на министерствата и ресорите. Сакаме прво да го донесеме тој закон, за да може владата која ќе се бира да биде избрана во рамките на тој закон и таа нова организација. Затоа ќе сакаме и ќе се потрудиме заеднички со сите политички партии во Собранието, да се договориме, тој закон да биде еден од првите кои ќе биде поставен на пленарната седница, вели Гаши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.