Министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер во гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ изјави дека бугарските посети во Македонија не се избрзани и се многу доцни.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Лорер истакна дека е пронајден дијалогот со македонските колеги во точка на замрзнување, кога двете држави не се договориле и два добри соседи коишто не комуницирале.

Министерот посочи дека неговата посета се одвивала според програмата што била поставена од двете влади, за преговори и нема ништо изненадувачки во неа, ниту пак кој ќе ја води, бидејќи била договорена неколку дена претходно.

Тој додаде и дека распоредот за постигнување резултати е многу интензивен.

-Националниот интерес, исто така, налага да бидеме опкружени со богати и социјално праведни соседи, рече Лорер, кој ја пофали средбата со неговиот македонски колега, Фатмир Битиќи.

Министерот појасни дека ќе започне да се практикува механизам со кој ако бугарска компанија има проблем да инвестира во Македонија, тој проблем ќе може да се реши. Тој додава и дека бугарските компании немаат потреба некој да ги донесе во Македонија, оти само го прават тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.