Почетокот на преговори за членство во ЕУ бара од нас да се интензивираат активностите за јакнење на владеењето на правото и правната сигурност преку реформи во системот и хармонизација на законодавството. Министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на Меѓународната научна конференција ,, Современите аспекти на правната доктрина и толкување-предизвици и перспективи” посочи дека реформите во правосудниот систем не можат и не смеат да останат само на хартија. Усвоените закони треба да се имплементираат а реформите треба да овозможат промена на практиките и навиките (особено на погрешните) како и на предрасудите.
Министерството за правда останува посветено на подобрување и јакнење на правната и институционална рамка во борбата против организираниот криминал и корупција. Реформската агенда бара посветеност, знаење, но и поддршка од сите чинители, во обидот да станеме дел од големото европско семејство.Пред нас се уставните измени. Од нас самите зависи дали ќе чекориме по патот на ЕУ или ќе стоиме во место. Време е, сите заедно да донесеме државничка одлука – рече Лога.
Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права” од Кластерот ,,Темели” е клучно во евроинтегративниот процес.
Имаме политичка волја, но и посветеност за решавање на одредени недостатоци во областа на правосудството, како и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Како Министерство за правда имаме направено многу во делот на реформите во правосудниот систем; во тек е дигитализација во правосудството, се подготвува нова Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2023-2027 година После скоро три децении години, најверојатно до крајот на годината ќе имаме комплетно нов Кривичен законик, а во тек е и подготовка на првиот Граѓански законик во кој за првпат во еден акт ќе биде кодифицирана граѓанско-правната материја. Тука се и Законите за помилување, за управување со конфискуван имот, за правда на деца, за извршување на санкции и други кои наскоро ќе влезат и во собраниска процедура – нагласи Лога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.