Министерот за правда Кренар Лога синоќа на својата Фејсбук страница изрази сочувство до семејствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени синоќа откако беа пријавени за исчезнати.

-Искрено и најдлабоко сочуство до семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што безмилосно се одземени два живота. Одговорност и максимални казни за сторителите, напиша Лога на Фејсбук.

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, информираат вечерва од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.