Германската министерка за Европа Ана Лирман пред почетокот на меѓувладината конференција со Македонија порача дека денес ЕУ ќе ѝ прати јасел сигнал на нашата држава дека преговорите почнуваат и дека штом ги направиме уставните промени ќе се одржи втората конференција која, според неа, е „цементирана“ и не може да ја спречи никој, дури и Бугарија.
Денес како ЕУ испраќаме јасен сигнал дека штом ќе се направат уставните промени следниот чекор ќе биде оддржувањето на втората меѓувладина конференција. И оваа одлука е како „камен“, така што никој не може да го спречи тоа , вклучувајќи ја и Бугарија, рече Лирман пред македонските новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.