Тројцата лидери на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, БиљалКасами и Изет Меџити денеска на свое барањеја посетија резиденцијата на амбасадорот на Република Франција во Скопје, Сирил Бомгартнер.

На оваа средба, тројцата лидери на Европскиот сојуз за промени го информираа францускиот амбасадор за последните политички настани, како што е и формирањето на коалицијата на албанските опозициски партии, која сега е позната под името Европски сојуз за промени. Фокусот на средбата беше ставен на темата за евроинтегративниот процес, како и претстојните парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.