Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на Македонија ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со Европравда.

Лога и посака успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда.

Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја.

Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.