Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е универзитетски професор и експерт во своето поле кој што излезе со јасен план, како да се заштедат 300 милиони евра пари на граѓаните, како македонското стопанство, македонскиот бизнис да добие двојно поевтина електрична енергија. Изложи план, дел од тој план беа и контактите кои беа понудени за се добијат поевтини енергенси, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во Топ Тема на Телма.

Лефков истакна дека станува збор за еден посложен план којшто во себе опфаќа и нов предлог закон за енергетика.

Предлага начин на производство со којшто во РЕК Битола ќе работат трите блока, ќе се стави во погон, во производство РЕК Осломеј, ќе работат двете турбини во ТЕЦ Неготино. На тој начин ако се обезбедат потребните енергенси ќе имаме доволно електрична енергија и за домаќинствата и за стопанството. Затоа што ќе ве потсетам дека македонскиот бизнис плаќа двојно поскапа струја споредено со бизнисите во регионот и оттаму опаѓа конкурентноста на македонскиот бизнис, рече тој.

Лефков посочи дека планот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е одржлив и издржан, истиот беше презентиран пред стопанските комори, видовме дека беше прифатен од сите.

Она што е важно е дека ВМРО-ДПМНЕ несебично предлага план, покажува државнички капацитет. Според контактите и индикативните цени кои ги понуди Мицкоски цената вклучително со транспорт е значително поевтина од цената која во моментов ја обезбедува владата. И во текот на минатата година цената по која владата набавуваше гас беше за 20% повисока, нагласи Лефков.

Тој додаде дека од страна на владата гледаме дека немаат слух, па затоа видовме една избрзана прес конференција на владата, но нема никаков одржлив план ниту некакви информации.

Ние доаѓаме до енергетска криза, а немаме информација од власта во која состојба се резервите на јаглен, на кое ниво се хидроакумулациите, видовме како ЕСМ продавале ноќни вишоци од тоа што се празнеле браните, па сега имаме ситуација дека хидропотенцијалот ни е на 29%. Ковачевски кажа дека ќе се набавува струја од Бугарија пониска од берзанската цена, а истиот ој потоа на пратенички прашања кажа дека Бугарија има закон според кој електричната енергија мора да се продава по берзански цени, рече Лефков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.