„Предлог законот за измени и надополнување на законот за утврдување на стратешки интерес и номинирање на партнер нешто за кое што целата македонска јавност дозна за каква влада станува збор за какви интереси станува збор, лукративни интереси целосно понижување на законодавниот дом. Како дозволија пратениците од владејачкото мнозинство да бидат поддржувачи на вака катастрофално скроени закони. Како успеавте да бидете поддржувачи на злоупотребата на европско знаменце“, нагласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната собраниска седница.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Лефков додаде и дека со овој закон се штитат криминални интереси во владата на Ковачевски и на Груби а со законот се менуваат цела плејада на закони.
„Со овој закон се штитат криминални интереси во владата на Ковачевски и на Груби. Пакет закони кои што се плејада на закони кои што се менуваат. Опозицијата побара договорот да биде објавен во службен весник. Уставниот суд вели дека на начин на кој што е донесен законот се суспендира само законот за јавни набавки додека остануваат останатите закони. И тоа вие го искористивте на тој начин да ни менува плејада закони“, истакна Лефков.
Лефков нагласи и дека со овие закони се менувааат и законот за акцизи, процедури при царинското постапување, и се дерогираат на штета на јавниот интерес.
„Со ова се менува и законот за акцизи, процедури при царинското постапување, се дерогираат на штета на јавниот интерес. За владата на Груби и Ковачевски да може да си купи уште некој ден. Да можат финансиски да се обезбедат па да живеат некаде по белиот свет. Која е потребата да ја злоупотребувате процедурата на ЕУ и да стигаат со ЕУ знаменце. Ова е крунски доказ во приоритетите на оваа влада “, истакна Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.