Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа истакна дека ваква средба пред шест години му помогна на Заев.

Гледаме дека оној кој се шеташе како записничар, сега на истиот начин Рама се обидува на направи спас на Ковачевски и Ахмети. Ова се важни моменти и за Груби и Османи кои ја губат довербата меѓу народот. Ковачевски вели дека не знае за што ќе разговараат неговите коалициони партнери во Тирана и тоа е доказ дека средбата е на негово барање. Не може во Тирана да се разговара за проблемите кои ги имаме тука. – рече Лефков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.