Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев информира дека на социјалните мрежи е појавен лажен профил со неговото име.
Тој изрази најостра осуда за ваквата постапка, со која, како што вели, се врши злоупотреба и манипулација со лични фотографии и податоци.
-Секако случајот веднаш е пријавен не само заради заштита на мојот личен интегритет, туку и заради заштита на интегритетот на институцијата која што ја претставувам – македонската полиција – и на која што исто така и се нанесува штета преку незаконското користење на фотографи, постови и информации. Министерството за внатрешни работи врз основа на своите надлежности а согласно одредбите од Кривичниот закон на РСМ, член 149, поднесе извештај до ОЈО Скопје со што е започната постапката за откривањето на лицето кое што стои зад ова дело.
Сакам на крајот да упатам апел до сите корисници на социјалните мрежи дека сите ние сме должни да ги почитуваме и практикуваме веќе утврдените законски и регулаторни норми за употреба на социјалните мрежи. Точно е дека секој поединечен профил на некој начин го репрезентира личниот светоглед, личното сфаќање и погледи на секој корисник, и тоа треба да биде така, но воедно точно е и дека тој, профилот, е и репрезент на нашата личната одговорност и совесност, објави Јанев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.