Академик Катица Ќулавкова на денешната конференција во МАНУ рече дека Димитрија Чуповски е главниот политички двигател на МЛД, но и на другите другарства на македонската имиграција во Петровград, од почетокот на 20 век.

Чуповски станува млад следбеник на неговите идеали за слободна и автономна Македонија, независно од Бугарија, Грција или Србија, како политички, така црковно и културно. Чуповски покажува истражувачки интерес за етногеографските и идеолошките аспекти на македонската култура низ историјата. Тој е промотор на македонската национална и политичка кауза, додаде Ќулавкова.

Како што појасни, истражувачката дејност на Блаже Ристески трае околу 70 години и е одбележана со видна посветеност и интерес за историографијата и етнологијата, со љубов кон македонското национално прашање, но и лојалноста кон македонското културно и национално битие, што е одлика на неговиот интелектуален идентитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.