Никаде во Европа не се видело, компанија на сопруга на премиер, да добие државно земјиште и тоа за само 70 денари по квадрат, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
За жал тоа го има во Македонија, каде компанијата на сопругата на Ковачевски со Одлука на владата, предводена од самиот тој, добила купила 1.119 м2 државна земја за цена од 70 денари за метар квадратен. Ковачевски може да се прави паднат од друга планета колку сака, со тоа што неговиот криминален ортак Артан Груби, ја потпишал оваа одлука, тоа не го амнестира од одговорност, влијание и злоупотреба на својата функција.
Ковачевски на исти начин се однесуваше и кога неговата сопруга влезе во бизнис од над 1 милион евра, а сега со потпис на Груби, добива и земјиште по багателна цена. Очигледно е дека со Груби си го чуваат грбот, тој него му помага за секојдневните скандали, а овој пак возвраќа со државни повластици повластици за жена му.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.