Како што ветив, денеска е поднесена Тужба за клевета против СДС и Димитар Ковачевски заради изнесени КЛЕВЕТИ и лаги против мене лично, се вели во Фејсбук статусот на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
-Од страна на СДС и нивниот трајно неспособен премиер за мене беше кажано дека сум дезертирал од АРМ, сум кодошел, сум продавал некакви тајни на странски служби, сум крадел документи, дека некој ми ги скинал еполетите од униформата и што ли уште не … Станува збор за апсолутни невистини, напротив, токму обратно е. Овие клевети со кои СДСМ се обидува да ми нанесе штета на личноста се обид за дефокус од вистината дека Македонија ја води трајно неспособен премиер кој одбил да ја брани својата држава. Одговорност за лагите мора да има. Тоа што Ковачевски не може да избегне од фактот дека приложил документ дека е трајно неспособен, не му дава за право да лаже со цел да дефокусира од себе. Се трајно неспособниот се гледаме на Суд, истакна Ковачки.
*За навредите нема да тужам затоа што тие повеќе говорат за тој што ги кажува отколку за тој кон кого се упатени, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.