Премиерот Димитар Ковачески утре на одбележувањето на верскиот празник Водици ќе присуствува во Охрид. Агендата предвидува Премиерот да присуствува на богослужба во црквата Света Богородица Каменско, а потоа да присуствува и на осветувањето на водите на Охридско Езеро и фрлањето на крстот на градското пристаниште.

Во СВР Охрид вчера се одржал состанок со претставници на Петтата управа, на која биле изнесени детали околу тоа какви мерки за безбедност ќе се спроведуваат при посетата на Ковачески и неговиот престој во црквата и пристаништето.

извор: news1.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.