Мислам дека до вечер ќе бидат финализирани мерките за најранливите категории граѓани и дека до понеделник ќе се најават, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Одговорајќи на новинарски прашања по настанот за потпишување договор за спонзорство меѓу М -ТЕЛ и КК Работнички, Ковачевски најави дека во понеделник ќе биде пуштен во употреба уште еден енергетски капацитет.
Во понеделник ќе има пуштање во употреба на уште едне производствен енергетски капацитет. Верувам дека во мојот досегашен мандат од девет – десет месеци ќе имаме скоро еднакво инсталирана моќност на нови производствени капацитети на електрична енергија колку што биле инсталирани во последните 30 години, истакна Ковачевски.
Тој повтори и дека ова е време на солидарност, кога мора сите да помогнат за полесно пребродување на кризата.
Ковачевски уште еднаш кажа дека парно за Скопјани ќе има, а ако енормно се зголеми цената гасот, тогаш државата е подготвена, како што рече, со алтернативно гориво да ги загрева домовите на граѓаните
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.