Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски е во официјална посета на Република Словенија, заедно со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Претпладнево премиерот Ковачевски беше пречекан со највисоки државни почести од неговиот словенечки колега, Роберт Голоб.
Следува тет а тет средба на премиерите Ковачевски и Голоб, по што ќе има и билатерална средба на македонската и словенечката делегација, проследена со потпишување заедничка декларација со премиерот Голоб, за зајакната соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.
Долгогодишното пријателство на Република Македонија и Република Словенија има потенцијал да придонесе во многу процеси од значење за регионот и за ЕУ и во таа насока е и денешната официјална посета на премиерот Ковачевски и владина делегација на Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.