На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Белград беше пречекан од премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ.
Ковачевски на покана на Брнабиќ е во официјална посета на Белград, и ја предводи владината делегација, со министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.
Премиерот Ковачевски и премиерката Брнабиќ, одржаа тет-а-тет средба.
Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи, кои се без отворени прашања меѓу Македонија и Србија како и соработката меѓу двете држави која е сестрана и добро развиена.
На средбата беше разговарано за многубројните проекти кои се во тек и беа договорени активности во наредниот период во областа на економијата, културата, дијаспората и други области.
Соговорниците говореа и за европската иднина на Западен Балкан, како и реформските процеси и услови кои се залагаат да ги исполнат земјите за што побрза интеграција во ЕУ .
По завршувањето на тет-а-тет средбата на двајцата премиери, ќе се одржи пленарен состанок на двете владини делегации и ќе бидат потпишани неколку билатерални документи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.