На своите фејсбук профили Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи информираа за средбите со Бајден и Блинкен.
Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатланските интеграции на Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот, напиша Ковачевски на фејсбук.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи на маргините на НАТО самитот во Вилнус, Литванија, оствари куса средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
За време Вилнус самитот, кратка средба и со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Накратко за Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, и актуелностите поврзани со нашите европски интеграции. Разменивме мислење и за состојбите во нашиот регион, како и предизвиците во рамките на претседавањето со ОБСЕ, напиша Османи на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.