Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на Србија, денеска оствари средба со претседателот на српското Собрание Владимир Орлиќ.

Ковачевски на средбата изрази задоволство од редовните контакти и одличната соработка меѓу двата законодавни дома на Србија и Македонија, потенцирајќи ја важноста на формирањето на двете собраниски групи за пријателство и соработка.

Исто така беше поздравена редовната комуникација и соработка, која ќе придонесете во нагласување на важноста на улогата и одговорноста на пратениците за секоја фаза од евроинтегративните процеси на нашите две земји.

На средбата двајцата соговорници ја потенциира важноста од решавање на отворените прашања со соседите, како и темелните реформи за доброто на граѓаните.

Конструктивни политики, почитување и унапредување на односите со соседите, се важни за европскиот напредок и просперитет на Западен Балкан.  



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.