Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, прими делегација на Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО предводени од претседателот на комората, Ајдован Адемовски.
На средбата премиерот Ковачевски ги потврди силните заложби на Владата на Република Македонија да се продлабочи економската соработка со Република Турција и посочи дека на Стопанска комора Македонија – Турција МАТТО и на компаниите кои се нејзини членки гледа како на партнери за остварување на таа цел.
Премиерот Ковачевски најави дека во неговата агенда посетата на Република Турција е на високо место со цел традиционалното пријателство меѓу двете земји уште поинтензивно да се рефлектира низ зголемување на меѓусебната економската соработка и трговска размена којашто сега изнесува над 650 милиони евра.
Ковачевски на средбата рече дека во Македонија веќе работат сериозен број на турски компании кои плаќаат плата на вработените, плаќаат даноци во буџетот и учествуваат во севкупното производство и во извозот, и порача дека тоа е добра порака за новите потенцијални инвеститори во Турција да се охрабрат и да дојдат во нашата земја.
На средбата беше најавено дека наскоро ќе следува дополнување на Планот за економски раст со нови поволности за поддршка на инвестициите особено во делот на капацитети од обновливите извори во енергетиката за што веќе постои голем интерес од компаниите од оваа дејност во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.