Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на САД, се сретна со членови Одборот на Директори на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

На средбата на која беше присутен и министерот за надворешни работи беа споделени ставови за придонесот на дијаспората во економскиот, општетствениот развој на нашата земја, како и во културата, уметноста, образованието.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на ОМД за нивната улога во формирањето на Групата за Пријателство во Конгресот, а воедно со соговорниците споделија мислења и заложби за уште поголем поттик на дијаспората, посебно на младите генарции да продолжат да ги одржуваат врските со својата татковина и да земат активно учество во развојот на земјата и нејзина промоција во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.