Премиерот Димитар Ковачевски денеска го пречека американскиот советник Дерек Шоле пред платото на Владата.

Пред состанокот кој што следи, претседателот на Владата му подарил дрес од фудбалската репрезентација на Македонија.

Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје. Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби, стои во објавата на премиерот пред најавената средба со високиот советник на Стејт Департментот.

Предвидено е Ковачевски и Шоле да разговараат за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.