Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, за време на работната посета на Вашингтон оствари средба со демократскиот сенатор, Крис Марфи.
Беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави, за европските аспирации на Македонија и за состојбите во поширокиот регион, и како истите влијаат на иднината на Западен Балкан.
Премиерот изрази благодарност за доследната политичка поддршка од страна на сенаторот Марфи за процесот на евроинтеграции на Македонија. На средбата премиерот Ковачевски потенцираше дека нашата држава има цврста определба за зајакнување и унапредување на добрососедските односи и преку дијалог и соработка меѓу државите се етаблираше како држава фактор на стабилност во регионот.
Демократскиот сенатор Марфи истакна дека Македонија е ценет партнер и НАТО сојузник. Воедно, искажа поддршка за ЕУ интеграцијата, затоа што колку повеќе напредува Македонија толку подобар ќе биде регионот.
Дополнително, подвлече дека Македонија е препознаена како фактор на стабилност.
На средбата беше посочено дека САД отсекогаш придавале особено значење и поддршка на трансформацијата на земјите од Западен Балкан како и за нивно членство во ЕУ. Премиерот Ковачевски посочи дека тоа е голем стимул за земјите од Западен Балкан да не отстапуваат од стремежите за остварување на стратешките цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.