Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски на 16 и 17 мај 2023 година ќе учествува на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд.

Премиерот Ковачевски ќе присуствува  на Самитот, на кој ќе земаат учество претседатели на држави и влади на земји членки на Советот на Европа. Во рамки на Самитот, на 16 мај, претседателот на Вадата Ковачевски ќе учествува на Тркалезна маса на која ќе се разговара за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата, а на која ќе земат учество и Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и премиерите на Грузија, Норвешка, Италија, како и претседатели и министри за надворешни работи на повеќе земји од Европа.

На 17 мај премиерот Ковачевски ќе има свое излагање на Генералната дебата на Советот на Европа, која овој пат е на тема „Обединети за Европа”, а каде се предвидени воедно и воведни обраќања на премиерката на Исланд Јакобсдотир, генералната секретарка на Советот на Европа, Пејчиновиќ-Буриќ како и претседателот на Парламентарно Собрание на Советот на Европа, Тини Кокс.

За време на престојот во Рејкјавик, Исланд, планирано е претседателот на Владата да оствари средби и разговори со повеќе европски лидери.

Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски е и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.