Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 22.11.2023 година (среда) ќе бидат домаќини на неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, што се одржува во хотел „Хилтон“ во Скопје, соопшти владината прес служба.

Согласно програмата, пред почетоток на состанокот, премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, ќе имаат заедничка изјава за медиумите.

Воедно, изјави за медиуми пред почетокот на состанокот, ќе имаат и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Зоран Миловановиќ, претседател на Хрватска, како и Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора.

Согласно програмата, по изјавите, ќе следи неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузните од регионот, по што лидерите ќе одржат заедничка прес- конференција во 11:40 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.