Претседателот на Владата Димитар Ковачевски оствари средба со Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролин Едштадлер во рамки на работната посета во Австрија.
На состанокот присуствуваа и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, како и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Ковачевски и Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји кое се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Македонија.
На состанокот беше потенцирано дека Македонија и Западен Балкан се високо на агендата на Европската Унија и нејзините земји членки, и дека Австрија останува верен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од регионот, стартот на пристапните преговори и почетокот на скринингот се уште една потврда за напредокот на нашата земја во евроинтегративниот процес.
На состанокот се дискутираше и за безбедносната криза предизвикана од конфликтот во Украина, на што беше акцентирана потребата од натамошно обединување и заедничко дејствување за осигурување на мирот, стабилноста, безбедноста и демократијата и воопшто иднината на Европа.
На состанокот се дискутираше и за натамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји со оглед на тоа што Австрија е еден од најголемите инвеститори во земјава со преку 45 компании присутни на пазарот. Дополнително, трговската размена е во континуиран раст и минатата година достигна 200 милиони евра со што е забележан раст во однос на 2020 година кога трговската размена оствари вредност од 176 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.