Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со министерот за Европа на Обединетото Кралство, Лео Докрти.
На средбата е потврдено големото, искрено и долгогодишно пријателство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, кое што од независноста на државата до денес придонесува во развојот на демократските процеси на нашата земја.
Оценето е дека членството во НАТО е важен чекор напред во развојот на нашата држава и е нагласено значењето на партнерството во рамки на Алијансата помеѓу Обединетото Кралство и Македонија.
Пренесена е силна поддршка за политиките за развој на државата и во реализацијата на реформските процеси.
Во таа насока разговарано е за продлабочување на соработката во областа на одбраната, спроведувањето на институционалните реформи, како и во енергетиката.
Премиерот Ковачевски изрази благодарност до министерот за Европа, Докрти, за тоа што Македонија и Западен Балкан се меѓу приоритетите на Обединетото Кралство во надворешната политика, а е од големо значење за стабилноста и безбедноста на целиот регион.
Претседателот на Владата, Ковачевски, нагласи дека Балканот мора да биде поврзан и дел од Европската Унија и дека е сега моментот за исчекор и влез на Република Македонија во Европската Унија.
Премиерот Ковачевски посочи и на важноста од поддршката на Обединетото Кралство во развојот на парламентарната демократија во земјава, образованието и како значаен трговски партнер на земјава.
На состанокот беше разговарано и за надминувањето на предизвиците од економско-енергетската криза од светски рамки, како и за други актуелни прашања од значење за нашата држава и регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.