Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Тирана Албанија, каде учествуваше на Самитот на лидери на Берлински процес, се сретна со Антонела Басани претседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија. На средбата покрај премиерот Ковачевски, беше и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.
Соговорниците разговараа за тековните проекти и планови на среден рок на Македонија, како и на земјите од регионот. На средбата беа разменети мислења за политичките и економските случувања во регион, како и предизвиците од геополитичките случувања во Европа и светот и како сето тоа влијае врз глобалната економија.
На состанокот се разменија мислења за проекциите за раст на земјите од регионот во текот на оваа година, како и проекциите за глобалната економска и финансиска стабилност.
Партнерството со Светска банка и поддршката која ја добива Македонија е од големо значање, Рамката за соработка е основа на граѓаните да им се овозможат подобри услови за живот, како и за инвестиции во подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, инвестиции во инфраструктурата, развој на човечкиот потенцијал и зајакнување на менаџирањето со јавните финансии.
Со изработка на новата Рамка за партнерство на Република Македонија со Светска банка значително ќе се зголеми финансиската поддршка за нашата држава и ќе биде речиси двојно повисока од досегашната.
На средбата беше оценето дека ваквиот вид на соработка, претставува потврда на поддршката која доаѓа од сериозен партнер, а со тоа се испраќа силна порака до меѓународните партнери и инвеститори.
Премиерот Ковачевски и претседателката Басани, изразија задоволство од силното долгогодишно патнерство на Македонија со Светска Банка како и за развојните резултати постигнати во годините на соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.