Димитрија Чуповски и Блеже Ристовски се значајни ликови од нашето минато кои остануваат понатаму да бидат едни од најважните репери за нашата историја и колективна меморија. Овие два лика прават една моќна симбиоза на двајца проучувачи на една иста тема – Македонија и македонскиот народ. Нивното дело го покажува патот на развојот и еманципација на македонската историја, историската свест и македонската национална мисија, беше посочено на меѓународна конференција „Улогата на историските личности во историјата и во колективната меморија“.
Конференцијата која почна да се одржува денеска во МАНУ, е во организација на Институтот за национална историја и ќе трае до 8 ноември, а истата е по повод 145 години од раѓањето на Димитрија Чуповски (1878-1940) и пет години од смртта на Блаже Ристовски (1931-2018).
Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев потсети дека Димитрија Чуповски е еден од основоположниците на МАНУ, при што потенцираше дека за жал кај нас 28 октомври 1902 година – денот кога е формирано Македонското научно литературно другарство, уште не се одбележува како ден на МАНУ, што е во согласност со воспоставената практика на соседните академии во Србија и Бугарија.
Тој подвлече дека професори што извршуваат раководни институции, на пример директори на национални институции, без разлика на нивната национална припадност, имаат општествена одговорна задача да се грижат за македонскиот јазик, за македонската книжевност и начуната дисциплина и историја на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.