Продавањето и предавањето на сѐ што е македонско е бесмислено, непродуктивно и геополитички неоправдано.
Ова е ставот на првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев, кој Годишното собрание на академијата го искористи и за обемен осврт на 2022 година.
Со договорите со Грција и Бугарија, како што кажа, се врши геноцид врз македонскиот народ. Државата и натаму треба да чекори по европскиот пат но, вели, на тој пат Македонците треба да чекорат горди и достоинствени. Затоа побара од пратениците да не гласаат за отворање на Уставот бидејќи, според него, на таков начин, Бугарија ќе условува нови, посурови барања.
Ги повикувам сите 120 пратеници во македонското Собрание едногласно да се изјаснат против уставните измени – тоа ќе биде мал чекор за нив, но огромен за Македонија. Ако сега кажеме не, колку и да се чини на прв поглед парадоксално и противречно, Македонија ќе има повеќе шанси да биде рамноправна членка во ЕУ, и да додадам, да опстои и да не се распадне. Во спротивно, ако дозволиме уставни промени, тоа ќе значи широко отворање на портите за други, нови, нестварни и небулозни барања, вели Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ.
Претседателството на МАНУ оценува дека 2023, според многу индикации, ќе биде неизвесна но може да биде почеток за борбата за правото на самооопределување на македонскиот народ во меѓународната заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.