Српскиот весник „Информер“ анализира дека Коста Кецмановиќ добро знаел што прави прави кога ги бирал жртвите. Тој со задоволство го правел списокот и некои што се предомислил ги пречкртал.
Началникот за крвни деликтии Жарко Поповиќ вели дека не памети ниту еден ваков случај од неговата долгогодишна полициска кариера.
– Ова дете сигурно вежбало нелегално пукање на некое стрелиште. Малолетник може да не влезе во стрелиште, некој мора да го внесе нелегално. Ова момче се покажало како добар стрелец, а најстрашно е што бил ладнокрвен додека убивал.
Адвокатот Владимир Ѓукановиќ е убеден дека сигурно некој го обучувал.
– Од 15 куршуми, 13 биле погодени. Дете на таа возраст не знае што е пиштол и дојде целосно подготвено, со план. За чиста среќа, нема повеќе жртви – рече Ѓукановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.