Лидерот на Демократската унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во својот годишен говор, реагираше на анализата од 39 страници на Косовската академијата на науките и уметностите (КАНУ), во која лидерот на ДУИ беше обвинет дека ја поддржал поделбата на Косово.
Ахмети вели дека не се пазари за границите на Косово затоа што тие парчиња земја се крвта на неговата крв.
Неговата изјава доаѓа откако тој во анализа објавена од Академијата на науките и уметностите на Косово беше апострофиран како еден од лидерите на македонските Албанци кој мирно би прифатил поделба на Косово.
Без разлика на изјавите или анализите во насока дека наводно сум бил за промена на границите на Косово, јас уште како млад дадов сè од мојот живот за таа независност и за тие граници на Косово и не се пазарам за тие парчиња од земјата што е крвта на мојата кр,в и крвта на моите пријатели“, изјави Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.