Претседателката на Косово, Вјоса Османи им го честита на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и на македонскиот народ Денот на независноста – 8 Септември, јави дописникот на МИА од Приштина.

На нејзината официјална страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер), Османи порача дека со нетрпение очекува да ја продолжи соработката со Пендаровски за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави.

– Честитки за Денот на независноста до претседателот Стево Пендаровски и нашите пријатели во Македонија. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме заедничката работа за да го издигнеме нашето партнерство до нови височини и да придонесеме заедно за посветла евроатлантска иднина за нашите две демократски земји, напиша Османи.

Пендаровски во завчерашното интервју за весникот „Коха“ најави дека идниот понеделник, на 11 септември, заедно со Османи, во Амбасадата на Република Косово во Скопје, ќе откријат биста на Мајка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.