Задолжителниот референдум е единствената можност да се слушне гласот на македонскиот народ!, вели градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Македонската историја, македонскиот јазик, идентитет и култура се неразделив дел од животот на генерации Македонци. Напредокот и европските перспективи на нашата држава, треба да се реализираат со континуирана надградба на вредностите, промоција, меѓусебно почитување и добрососедска соработка, а никако со договори кои можат да доведат до идентитетско обезличување.
Задолжителниот референдум е единствената можност да се слушне гласот на македонскиот народ, кој ќе се спротистави на ставањето на Македонија во подредена позиција. Референдум! За да ја зачуваме историјата и врз нејзините темели да ја градиме иднината на новите генерации, пишува Коњановски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.