Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот.

Согласно денешните податоци од Институтот за јавно здравје, направени се 1 890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Пријавени се шест починати лица од Скопје, во период од 5 до 30 јули, а оздравени се 815 пациенти.

Најголем број на активни случаи во моментов има во главниот град – 1 749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај.

Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.