Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во рамки на денешната официјална посета на Македонија, ќе оствари средба со министерката Славјанка Петровска.
Како што информираат од Министерството за одбрана, по средбата се очекува да одржат прес-конференција министерката Петровска и генералот Најт.
-Оваа година се одбележува 30-години партнерство помеѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт. Припадници на македонската Армија и на Националната гарда на Вермонт имаат спроведено голем број заеднички обуки на кои досега учествувале над 1.800 припадници на Армијата, стои во соопштението на Министерството за одбрана.
Оттаму потсетуваат дека во 2012 година, со цел унапредување на односите и соработката и постигнување на особено значајни остварувања на Националната гарда на Вермонт и беше доделен Орден за воени заслуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.