Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска е во посета на Македонија. Нејзиниот мандат е при крај и за неколку месеци ќе биде само една од низата поранешни први луѓе на Комисијата за која никој нема да се сеќава.

Фото: МИА

Таа пред доаѓањето во Скопје твитна дека сме имале посебен идентитет но не кажа каков е тој идентитет. На претходната посета го употребуваше навредлливиот израз „Северномакедонци“ за што никогаш не се извини.

Која е Урсула Фон дер Лајен

Има 64 години и во политиката ја воведе Ангела Меркел од Христијанско демократската унија во 2005 години. Таа беше министерка за труд и социјала и за одбрана за по повлекувањето на Меркел се сели во Брисел како прв човек на ЕК. Има седум деца и важи за голема конзервативка.

Фон дер Лајен

Таа беше дел од голем скандал откако среде корона криза се допишувала со Алберт Бурл, шеф на американската фармацевтска компанија „Фајзер“.

Унијата потоа склучи „договор“ за набавка на неколку милијарди дози од вакцината на „Фајзер“, а јавноста остана покуса за точната договорена цена, иако медиумите шпекулираше со сума од околу 35 милијарди евра.

Беше критикувана и за бришење податоци од официјални телефони. Тоа беше во период сè уште беше германска министерка за одбрана, од 2013 година до јули 2019 година.

Тогашната опозиција ја обвини Фон дер Лајен дека ги уништила доказите во таканаречената „консултантска афера“ со бришење пораки од службениот телефонот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.